Вести

Одиме со висок морал и големи очекувања

width=540

Марко Стојаноски за да стигне до ова признание заедно со тренерот Васко Цубалевски пролија многу капки пот во салата, но и ги победија и надитрија сите противници кои им застанаа на патот на државното првенство и на меѓународниот турнир во Тетово.

width=635

Марко на државното првенство се закити со златниот медал и стана државен првак на Република Македонија, а на меѓународниот турнир во Тетово ги бранеше боите на својата држава и повторно заедно со својот тренер направија извонреден успех и не само што Марко го освои златниот медал, туку беше и награден со пехар за најперспективен боксер на турнирот .

Многу стручњаци од оваа боречка бранша најавија голем подем и замав на ова дуо Цубалевски – Стојаноски, продолжуваат со напорни тренинзи и припреми за наредните битки кои им следуваат оваа година! Боите на боксерскиот клуб „Универзалци” ги бранат и попознатите боксери како што се: Костадин Пешовски, Благоја Давитковски, Гавро Огњановски, Александар Давитковски, Александар Тренчевски, Александар Танчовски, Славе Гроздановски и други.

Сите тие веруваат во својот тренер кој им ги открива тајните на оваа племенита вештина и велат дека ќе земат огромен замав за да ги одбранат боите на Македонија и ќе ја кренат на највисоките места во светот !!!

width=635

← Назад кон архивата