Вести

Повеќе кациги – помалку повреди

width=600

Според податоците објавени во Националната Скијачка Асоцијација на САД употребата на кацигите како дел од заштитната опрема во скијачките центри ширум Америка е во константен пораст од 2003 па наваму. 

Додека во тие години (2002-2003) само 25 проценти од скијачите го прифаќале и го носеле ова парче заштитна опрема, во текот на годините овие бројки се имаат драматично променето за според денешната статистика дури 80 проценти од учесниците во овој спорт да ги носат. 

Во Швајцарија статистиката вели дека овој процент е 90.

Скијачката индустрија во соработка со ски центрите имаат огромен удел во овој позитивен тренд бидејќи кацигата како дел од заштитната опрема може да намали голем процент на повредите. Конкретно, според нивно испитување 30-50 проценти се намалуваат шансите за повреда на главата доколку шлемот се користи т.е. постави и носи правилно. 

width=620

Иако во претходните години на интернет искочи една контрадикторна студија која вели дека овој позитивен тренд на користење на скијачки кациги не е во корелација со намалување на повредите (туку дека тоа е сосема спротивно), од агенцијата велат дека според нивните бројки ова е токму така.

Дали е или не е, нас искрено не не засега толку, затоа што мислиме и сметаме дека ова е правилно и ги поттикнуваме луѓето да носат кацига како дел од нивната скијачка култура бидеќи СЕ РАБОТИ ЗА ГЛАВАТА, НЕ ЗА ШЛЕМОТ

Башка што гарантирано подобро ве топли од капа…

← Назад кон архивата