Печени компири по мушковски на Тони Црвак


- 500 гр компири ( ако имате шанси да се од с. Мушково)
100гр димена сланина од Мушково
1 лаж. маслиново масло.
луто пиперче – суво
мајчина душица
сол и бибер
1. Компирите се мијат, се сушат и се сечат на половинки.
2. Се премачкуваат со малку масло и се посолуваат.
3.Се редат во тепсија и се печат во загреана фурна на околу 200 степени околу 50-60 мин.
4. Се вадат и се редат со резанки домашна сланина, се наросуваат со биберот и мајчината душица.
5. Се допекуваат додека сланината не пожолти и биде крцкава.

