За вакви денови се живее

Во ски центарот се нацртаа доста македонски регистрации, но луѓе имаше таман, не премногу. Јас бев заедно со Марти, Александра и Томе, топ комбинација за дружба, уште потоп комбинација за уживање во пудра.
Инаку ова ми беше второ возење на скијата – Faction Candide Tovex 3.0 од овогодинашната едиција и реално можам да кажам дека скијата гази се што ќе и понудиш. Нормално и ти треба да си спремен, ама скијата си се покажа феноменално во секој поглед, одлична за уживање, стабилна на големи брзини, а со доволно фина геометрија да плови во супер длабочини.
Конкретно нашата екипа беше 3 од 4 Фекшнки (голем поздрав до Леон неодговорниот што не си извади пасош на време па не можеше да дојде со нас), и сите беа супер задоволни, па чисто ако се прашувате каде – xmkd.com