Флора-фауна

Ако мислевте дека вие немате опрема

Погоре го гледате Џиџи Чаркселиани, 15-годишно момче од селото кој беше инспирацијата за краткиот филм The Fence / „Оградата” на Карл Медиг. Во приказната околу филмчето Карл вели дека најинтересно било тоа што во селото овој пар скии се единствени, па децата понекогаш се редат на брдото и се менуваат еден по друг. Еден се спушта, се качува горе, ги подесуваат везовите за друго момче, па следен… 

Вториот момент е тоа што Карл и Џиџи сега си се имаат на Фејсбук…

Инаку селото Ушгули се смета за највисокото село во Европа (место кое има постојани жители) и е сместено на висина од 2100 м.н.в. Тоа е составено од четири маала е едно од најизолираните места во Грузија и е заштитено од УНЕСКО поради историското значење. 

title=Ушгули

title=Ушгули

← Назад кон архивата