Друго

Колку нè чини загадувањето

width=620

Во малку постар извештај од СЗО – Светската Здравствена Организација објавен во април 2015 година е направена калкулација за цената на чинење на воздушносто загадување врз економијата на Европа каде во истражувањето се вклучени сите држави во рамки на континентот, вклучително и оние кои не се во Европската Унија. 

Студијата се заснова на информации прибрани во 2010 година, единствена година во која се имаат направено сите потребни истражувања за овој регион, а статистичките податоци се обработени во Светската Здравствена Организација во координација со Организацијата за Економски Развој при Европа.

Бројката од околу 600,000 прерани смртни случаи предизвикани од загадувањето на годишно ниво во овој регион, заедно со трошоците за лекување на сите луѓе кои имаат проблем од овој тип прават загуба од околу 1,6 трилиони долари на годишно ниво што во превод значи околу десетина од бруто домашниот приход на целиот континетнт – пренесува Гардијан. 

Лошиот воздух и неговите ефекти врз економијата се најмногу забележливи во побогатите европски држави како Германија, Италија и Велика Британија, а економските ефекти од загадувањето во помалите држави, вклучувајќи ја и Македонија се всушност голем процент од бруто домашниот производ. 

Извештајот вели дека Македонија загадувањето по овие пресметки ја чини 4,7 милиони долари на годишно ниво или околу 19,9% од нашето БДП. 

Подолу можете да погледнете некои од пресметките превземени од Гардијан

← Назад кон архивата