Исхрана

Храна препорачлива за планина и снежни авантури

width=635

Заборавете на газирани пијалоци полни со шеќер, огромни сендвичи со салами, мајонез, паштети или бурек кои не траат долго и за кои можноста да ви го расипат денот е голема.

Со цел да немате монотона еднообразна храна, а да ги имате на располагање сите вкусови, набавете си едноставна и профатлива храна која сите можеме да си ја дозволиме.

Во оваа статија ви предагаме продукти кои би можеле да ви помогнат во вашиот избор.

»Суво овошје, табла црно чоколадо, мешани енергетски чоколади или гелови

»Микс од јаткасто овошје како лешник, бадем, орев, кикирики, потоа семки од сончоглед и тиква

width=635

»Парче сирење односно кашкавал стои повеќе од што мислиме и е добро да се комбинира со двопек, кекс или тортиља

»Мала конзерва со риба обезбедува здрави протеини

»Парче свежо овошје (лимон, портокал, банана, цитрон…)

»Течности, вода, вода, вода, термос со топол чај при активноси во студени региони. Секогаш внимавајте на добра хидратација бидеќи е клучен фактор за престој во природа.

Сета оваа храна обезбедува доволно енергија која е потребна за физички напор, а количината што треба да ја понесете зависи од вашите потреби за храна и бројот на денови во планина.

← Назад кон архивата