Миа Крстевска со кадетски и младински рекорд на 200м грбно


На XXIV меѓународен митинг „Св.Никола“ во Ниш изминатиов викенд 19-20 декември 2015 год., во конкуренција на 400 пливачи од 27 клубови од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и Македонија нашите пливачи освоија 12 медали (6 златни, 5 сребрени и 1 бронзен), срушивме два кадетски и еден младински рекорд.

Миа Крстевска – 2001 годиште (3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал)
Кадетски рекорд на 100м грбно со време 1:12:56 (старито рекорд 1:12:81)
Кадетски и младински рекорд на 200м грбно со време 2:32:40 (стариот рекорд 2:33:29)
Давор Петровски – 2000 годиште (1 злато, 2 сребрени и 1 бронзен медал)
Антониј Симоновски -2002 годиште (2 златни медали)
На митингот настапија и Андреј Јованов и Михаел Митрев.