Вести

Милена Чкрипеска поставува нови рекорди

width=635

Милена Чкрипеска од АК Академик Џамбазовски – Прилеп на маратонот во гратчето Виланова во близина на Барселона заврши на првото место во женска конкуренција во апсолутна и сениорска категорија со време од 1:26:01 и со тоа го истрча новото најдобро женско време на полумаратон во Македонија. 

Ова го велат прелиминарните резултати од маратонот кои се очекува да бидат потвредени во скоро време, а исто така, се очекува и потврда од нашата атлетска федерација за новопоставеното најдобро време.

Претходниот рекорд во оваа категорија го држешеВесна Кираџиева поставен на полумаратонот во Горица, Италија со време од 1:27:50. 

width=635

← Назад кон архивата