Друго

Балканскиот рис и луѓето што се грижат за него

width=635

Балканскиот рис се смета за македонски национален симбол кој секојдневно го гледаме изгравиран на 5 денарките кои ги користиме при купување.

Но колку е општо позната неговата критична состојба како вид и заканите на кои подлежи е тотална друга приказна. Со обновените податоци на Меѓународната Унија за Заштита на Природата (IUCN), балканскиот рис спаѓа во црвената листа на критично загрозени видови, со број на популацијата од 50тина. 

Големо браво за десет годишната работа на Македонското Еколошко Друштво и нивните колеги од регионот и европа во ревитализацијата на балканскиот рис. Прегледајте ја нивната благородна работа. 

п.с. би сакале некогаш да ги видеме Марко, Ристе и Мартин, или нивните потомци како трчаат слободни низ нивната животна средина…

← Назад кон архивата