Лавина со првиот снег на Шапка

Уживањето во планината особено во зимскиот период си оди рака под рака со голема одговорност и потребно е следење и почитување на бројни правила и принципи.
Едно од тие правила е избегнување на опасни лавински подрачја особено кога има тазе паднат снег, било за движење, скијање, бордање…
Од друга страна пак, правилно е тоа што остатокот од екипата (која снима) не се наоѓа во истата ситуација, т.е. го следи скијачот и има можност после лавината да се впушти во помош. Секако важно е и поседување на соодветна опрема како и знаење за да се изврши брзо и ефикасно барање на евентуално затрупаниот човек.
Во комуникација со дечките од Алпинизам.орг добивме инфо дека целава работа поминала добро поради луѓето кои биле на лице место да реагираат и поради дел од опремата која ја имале.
А ние сакаме да пуштиме апел за внимание до сите љубители на планината и скијањето.
Еве како може и една мала лавина да направи голема беља.