Флора-фауна

Зборувај ми за снага

Хафпор Бјорнсон инаку е вистинското име на Планината, а тој досега има тепано на многу вакви стронгмен натпреварувања. Во погорново видео тој фрла боца тешка 15 килограми скоро во висина на два спрата поточно 7,5 метри во висина. 

На крајот од натпреварувањето тој изјавил дека ова било пис оф кејк за него затоа што можел да го пробуши таванот – пренесуваат медиумите.

Пред некое време тој стана најјакиот човек на Европа откако успеа да го сруши рекордот (легенда) за извесен човек од Исланд по име Орм Сторолфсон во носење на јарбол на викиншкиот брод Ормен Ланге тежок 640 кила околу 5 чекори. Видеото од ова е подолу.  

Дополнително – Зошто снага, а не сила – прочитајте ТУКА

← Назад кон архивата