Од Арктикот до Париз – трчање за својот живот


„Трчај за својот живот” или оригинално “Run for your life” e тркачки перформанс создаден од националниот театар Рикстеатерн од Шведска и подржан од над илјада трејл тркачи, спортисти, ентузијасти, секојдневни обични луѓе кои со трчање од Арктикот до Париз праќаат порака за ургентно решавање на климатските промени.
Трчањето може да се следи во живо, а на крај целиот перформанс се поврзува со почнувањето на протестите против климатските промени.
Самиот почеток на трчањето го отвори Jenni Laiti од градчето Кируна во северна Шведска на 4500 км одалеченост од целта објаснувајќи зошто, како и што е прерформансот на многу уникатен начин.