Друго

Пакомак наградува креативни умови

width=600

Наградниот конкурс на Пакомак  „Trash for art 2015″ кој се одржува веќе 5та година, преку кој изникнаа многу креативни и интересни дела кои инаку би биле одпад, е отворен и оваа година. Во конкурсот можат да учествуваат возрасни и деца што се натпреваруваат во три категории:

  • градинки
  • основни училишта
  • поединци и други институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други)

Во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди – за прво, второ и трето место.

I место – 30.000 денари
II место – 20.000 денари
III место – 10.000 денари

Делата треба да бидат изработени од минимум 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или различен тип амбалажа) и да бидат високи до 150 см.

Можат да се користат лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак-пакувања, кеси од чипс, обвивки и сл.

За правилата за учество и подетални информации посетете ја официјалната страна на Пакомак. 

А за инспирација ѕирнете ТУКА

← Назад кон архивата