Вести

Со точак до Драмски и до гратис билет

width=600

Секој што ќе се појави со својот двотркален љубимец пред билетарата на Драмски ќе добие гратс билет за вечерните претстави. А за оние кои ќе дојдат од друг град следуваат гратиси до крајот на годината. 

Акцијата има за цел да ги мотивира граѓаните на Скопје да го користат велосипедот како превозно средство откако градот се најде врвот на листата на најзагадени во Европа.

  • „Публико, среќни сме што Ве имаме…без Вас ние, актерите, немаме причина да постоиме. Затоа… Со велосипед во театар?…Зошто да не?…Еве вака, секој оној кој со велосипед ќе дојде во Драмски, Вашиот Драмски, ќе добие бесплатен билет!…Од денес, па до крајот на овој месец!!! Велосипедот ќе го оставите на безбедно, ние ќе се грижиме за него. Знам дека нешто мора да сториме за поздрав живот. Штом е така, да започнеме од нас самите…Со точак во Вашиот Драмски!″ 

Напиша на својот профил Рубенс Муратовски.

Бујрум репертоарот ТУКА

← Назад кон архивата