Ајде да учиме скијање во Богданци

Траката е доволно широка да се направат соодветни завои без разлика дали сте почетник или можеби малку напреден, а брзината исто така се регулира во зависност од нивото на кое се наоѓа ученикот.
Поволна е и за скијачи и за бордери а движењата, поставеноста на телото и техниките кои се учат на ваквиот артефициелен ски терен се буквално исти како и на убавите зимски снежни падини. Се разбира, ова е само добра можност за учење на основата и загревање пред преоѓање на вистинското уживање.