Вести

Последен ден за пријавување на Струмина Треил

width=635

Околу стотина натпреварувачи веќе го резервираа 15 ноември за овогодинешнотпо издание на Струмина Треил. Патеката која ќе се трча викендов е со должина од 19км со 630м +Д.

Има окрепен пункт во селото Липов Дол на 9тиот километар, а попатно се минува покрај неколку чешми и тоа Струмина на 2.8км, Љупчова на 7.1км и Куртбунар на 17.5км, сето тоа дополнето со интересни и убави патеки низ штипските ридови.

За првите тројца следуваат медали, а за првите тројца по возрасни категории следуваат дипломи. Останатите ќе добијат диплома во електронска верзија. Денес е последен рок за пријавување, а сумата е симболична. Пријавувањето е на следниот ЛИНК.

Погледнете како си поминавме лани: ОДРЖАНА ПРВАТА ТРЕИЛ ТРКА ВО ШТИП

 

← Назад кон архивата