Околу Гинисот и вегетаријанците


Во традиција долга повеќе од 200 години, познатото ирско пиво Гинис при неговото производство има употребувано исинглас (isinglass) – супстанца која се собира од исушените меури за гас (воздух) т.е. внатрешни органи во рибите кои служат за контролирање на пловњето низ водата.
Исингласот е супстанца која била на големо користена за желирање на различни десерти во кондиторската индустрија (пред да започне евтиното производство на желатинот кој исто така е од животинско потекло), но се користи и за неговите филтрирачки карактеристики во финалните делови на производството на пиво (особено на одредени типови на ејлови).

Конкретно, Гинис и некои британски типови на пиво го користат дури и денес како помошна супстанца за филтрирање на финалниот продукт од партиклите на квасец. Исингласот помага во забрзување на таложењето на квасецот на дното на бурињата, но и поради минимизирањето на губитокот на течност.
Ова значи, и Гинис тоа го признава, дека пивото содржи партикли од оваа риба, што го прави несоодветна за вегетаријанци и вегани. Најновите вести пак се, дека компанијата планира веќе од 2016 година да внесе нов филтрационен систем со што ќе го замени овој метод.
E сега, дали пивото ќе го задржи истиот вкус после овие промени, тоа е веќе друг муабет