Вести

Сакаме светот да слушне за „Универзалци” и Македонија

width=635

Тие викендов настапија на државно првенство во бокс во Македонија. Нивниот тренер Васко Цубалевски настапи со три млади боксери, Марко Стојаноски, Костадин Пешовски и Љубен Селев. Интересно е тоа што сите тројца успеале да стигнат до финалето.
„Универзалци” се закитија со едно злато и два сребрени медали. Марко Стојаноски е златното момче, кое стана државен првак, додека во изедначени борби со противниците, Костадин и Љубен станаа вицешампиони и се закитија со сребрен медал. 

width=635

Неодамна Марко Стојаноски ги бранеше и боите на клубот и државата на меѓународен боксерски спектакл, каде што и таму успеа да ги демонстрира своите вештини и да се закити со златен медал.width=481
Со тој златен медал донесен од меѓународниот турнир, Марко Стојаноски и неговиот тренер Васко Цубалевски, го отпочнаа освојувањето на боксерската светска сцена. Многумина очекуваат доста силни резултати во иднина од овој клуб и од надежното дуо Цубалевски-Стојаноски. Во овој клуб тренираат и се натпреваруваат и боксерите : Благоја Давитковски , Александар Танчовски, Александар Давитковски , Роберт Каревски, Александар Тренчевски, Гаго Огњановски, Славе Гроздановски ….

← Назад кон архивата