Вести

Планинари од ПСД Макпетрол го искачија Ерциес

title=

Ерциес претставува планина која се наоѓа во централниот дел од Анатолиското плато т.е. во древниот регион на Кападокија во близина на градот Кајзери. Планината претставува изгаснат стратовулкан а нејзиниот највисок врв се извишува на висина од 3916 метри над морето и претставува највисок во регионот. Тој го гради масивот Анти-Таурус кој се протега североисточно од масивот Таурус во провинцијата Ниде.

Тимот на ПСД Макпетрол заедно со планинари од српскиот ПД Балкан изминатиов период беа на присутни во Кападокија и правеа аклиматизациони искачувања на други повисоки врвови, а вчера, на 28.10.2015 успеаја да се искачат на Ерциес. 

Тркачите на TREX пак, здружение кое е огранок на ова планинарско друштво во изминатиот викенд учествуваа во ултра-маратонот Кападокија Ултра-Треил каде сите претставници ги завршија своите трки.

Според грчкиот филозоф и географ Страбо, моќниот Ерциес во тоа време бил постојано покриен со снег, а тие малкумина кои успеале да го качат можеле да го видат Црното Море на север и Средоземното во правец југ. 

← Назад кон архивата