Флора-фауна

Маратонската кариера на Каланоски од Вевчани и неговите 3 следни Маратони

Во Септември 2014 година случајно ми испадна Маратон во Охрид иако знаев дека важи за еден од најтешките Маратони од 30 км во светот бев уверен дека ќе го истрчам. Се пријавив 3 дена пред Маратонот. Стартот беше на 8 Септември се трчаше од Св.Наум до Охрид во должина од 30 км успешно ја завршив трката со време од 2 часа 58 минути 48 секунди 40 место од 100 натпреварувачи.

Добив голем поттик продолжив да тренирам имав следна трка во Прилеп Krali Marko Trails 16 км планинска трка тука имав добро 18 место од 109 тркачи, потоа бев во Белград на Panorama Marathon Belgrad 21 км полумаратон таму бев 111 место од 390.

Оваа година го трчав по втор пат Oхридскиот Mаратон, но не успеав да го срушам минато годишниот резултат поради неочекувана болка на листот.

Пред две недели успешно го истрчав Ултра Маратонот во чест на нашата музичка легенда која не напушти прерано и ни зададе голема болка Тоше Проески. Се трчаше од Нова Градишка до Крушево во должина од 1100 км.

Моментално се спремам за следните 3 маратони во Април имам Полумаратон во Белград 21 км, потоа 2 месеци спремање пред Скопскиот Полумаратон 21 км во Мај, па ми останува цело лето спремање за еден од најубавите Полумаратони во Хвар 21 км во Август.

← Назад кон архивата