Вести

Македонската сениорска репрезентација спремна за светското во Белград

width=635

Првиот дел од Европското првенство ќе се одвива во лоу кик , К 1 и кик лајт дисциплините од кик бокс спортот.

Македонија ќе ја претставуваат следните кик боксери и стручниот тим:

лоу кик

1.Пепи Велков -67 кг

2.Бобан Илиевски -71 кг

3.Александар Најдовски -86 кг

4.Александар Димовски +91кг

К1

5.Александар Наумовски -71 кг

6.Јетмир Емрули -75 кг

КИК ЛАЈТ

7.Виктор Дуковски -63 кг

8.Ненад Манојловски -69 кг

9.Димитар Ѓорѓиев -74 кг

10.Наим Самиу -79кг

11.Милан Кубин -89кг

12.Кристина Стојчевска -55 кг

13.Стефани Тодорова-65 кг

Репрезентацијата ќе ја предводи претседателот на КБФМ Александра Неделковска. Како дел од тимот се селекторот Дејан Митровски , тренерот Драган Атанасовски како и интернационалните судии Арбен Јонузи и Љупчо Стојчевски .

Репрезентативците за Белград заминаа веднаш по изведените подготовки во Дојран во хотел Истатов кои поминаа во најдобар ред. Сениорската репрезентација е подмладена со нови имиња од кои како и од нивните постари колеги се очекува да го дадат максимумот на ова светско првенство.

← Назад кон архивата