,,УНИВЕРЗАЛЦИ″ спремни за меѓународниот боксерски спектакл во Тетово


Тренерот на боксерскиот клуб ,,УНИВЕРЗАЛЦИ „ Васко Цубалевски, на овој спектакл ќе атакува со младите сили на клубот: Марко Стојаноски и Благоја Давитковски. Од овие млади надежи тренерот очекува солидни резултати во иднина.
Боксерскиот клуб ,,УНИВЕРЗАЛЦИ„ е оформен 2002 година и до ден денес ја афирмира нашата држава на различни меѓународни турнири и е силен и активен учесник и во домашните натпреварувања.
