Вести

Седум клубови ги одмерија силите на сениорското првенство во Кајак-Слалом

width=635

30тина кајакари  ги измерија силите на кајакарската патека на Матка! Во дисциплината К1 мажи првото место го освои по 15ти пат Атанас Николовски, 2ро место Огнен Бражански и 3то место Александар Златаров и тројцата доаѓаат од ККК ИЛИНДЕН90-Скопје.

Додека во дисциплината 3хК1 прво место беше ККК ИЛИНДЕН90-Скопје второ место Бабуна1 -Велес и трето место Бабуна2 -Велес. Иако временските услови не беа на страна на натпреварувачите, натпреварот се одвиваше во одлична фер и спортска атмосфера.

width=635

← Назад кон архивата