МОК со финансиска помош за најдобрите македонски скијачи

Овие финансиски средства ќе бидат наменски искористени за подобрување на заедничките Олимписки планови и програми на Скијачката федерација на Македонија во насока на унапредување на резултатите на нашите најдобри алпски скијачи во предстојната натпреварувачка сезона.
Оваа финансиска помош посебно ќе помогне во реализација на амбициозната програма “ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018” на Скијачката федерација на Макеоднија односно на селекторот Иван Лесевски и олимпискиот стипендист, Антонио Ристевски кој на ЗОИ СОЧИ 2014 го освои 29-то место во слалом, што воедно е најдобар резултат во досегашните настапи на македонските спортисти на ЗОИ и воопшто во историјата на македонските зимски спортови