Вести

Академијата „ЗА-НЕД-ДО” на Светско во Германија

width=635

Но, поради тешката финансиска ситуација, од потенцијалните 25 натпреварувачи, по интерен договор и селекција на мајсторот Златко Неделковски, оваа година тимот ќе се состои од 15 натпреварувачи, кои ќе земат учество на светското првенство во боречки вештини и борби, кое оваа година ќе се одржат во Хаген, Република Германија во периодот од 16 до 18 октомври.



Предводени од претседателот на WFMC за Македонија, Златко Неделковски и двократниот светски шампион во екстремна самоодбрана и главен тренер Дијана Неделковска во Хаген ќе патуваат и Аце Кочовски, Џансел Алимовска, Кристијан Стојаноски, Сунај Мифтар, Марија Трпеновска, Антонио Десковски, Марина Сиљанова, Филип Стојановски, Маја Кузманова, Катерина Барабановска, Јулијана Милошевска, Емилија Бошевска, Христијан Котевски и Емилија Милошевска.

Како и минатата година, и оваа, Академијата ќе има свои претставници во дисциплините: самооодбрана, музички форми со оружје, лајт контакт борби, семи контакт борби и фул контакт борби.

Подготовките веќе се во сериозна фаза, и според изјавата на мајсторот Златко Неделковски дисциплината и подготвеноста на секој член од тимот е веќе на завидно професионално ниво што не е причина да се прекине со макотрпните тренинзи, кои овие натпреварувачи ги имаат по најмалку два пати во текот на денот.

width=635

Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола 2013 година на Светските првенства кои се одржаа во Атина, Република Грција, со тим од 4 натпреварувачи се вратија со 4 светски шампионски титули, една вице шампионска титула и две бронзени медали, додека од Светското првенство за 2014 кое се одржа во Умаг, Република Хрватска, со тим од 10 натпреварувачи се вратија со 11 светски шампионски титули, 7 вице шампионски титули и 5 бронзени медали. 

Вкупно, во 2013 со 4 натпреварувачи освоени се 7 светски медали, а во 2014 со 10 натпреварувачи освоени се 23 светски медали.

Горди што преку спортскиот дух на другарување и натпреварување успеале 15 пати да се интонира македонската химна на сред Атина и Умаг и исто толку пати на највисокото, прво место да се вее македонското знаме, како и секогаш, скромно не сакаат да даваат никакви предвидувања и очекувања за предстојното светско првенство.

Главниот тренер, Дијана Неделковска само кратко изјави дека моментално се фокусирани само на подготовките и дека единствена цел и желба и е сите 15 натпреваувачи, меѓу кои и самата таа да бидат во добра форма и здравје и да земат учество во своите дисциплини. Ништо друго во моментов не е битно.

Инаку Дијана Неделковска, и минатата година ја понесе титулата Светски шампион во екстремна самооодбрана во апсолутна категорија за 2014, втора година по ред за што и доби низа признанија од градот. Изостана она од 2013 кога колегите и се заблагодарија за овој успех со нејзино прогласување за спортист на годината. Оваа година манифестацијата не се одржа за прв пат во нејзиното 51 годишно постоење.



Битно е да се напомене дека демонстрациите се изведуваат по философијата на TFS – ESD *[Top Fighting System – Effective Self Defense], уникатната боречка вештина чиј основач и креатор е мајсторот Златко Неделковски, кој по 10 години работење на истата, 2013 година на годишниот состанок на Светската асоцијација на тренери за боречки вештини – WTA *[World Trainers Association] во Атина, официјално се стекна со Сертификат за големи достигнувања во областа на боречките вештини со што и официјално беше признаена неговата уникатна, целосно македонска боречка вештина, чин кој ја стави Република Македонија како 25-та држава од 196 признаени од ООН кои имаат свои, национални боречки вештини. 



Минатата 2014 година, неговиот голем придонес во светот на боречките вештини беше потврден од Советот на мајстори и Светската федерација WFMC претставувана од претседателот Akkus Isa на специјална церемонија на која на мајсторот Златко Неделковски со посебни почести му беше доделен Сертификат мајстор 8-ми дан во Кик Бокс.

Сега за нив најбитно е секој натпреварувач да ја изработи демонстрацијата или борбата професионално со што ќе го потврди реномето на најдобрата академија за боречки вештини во Македонија. За медалите, пиедесталот и се останато овие спортисти воопшто и не размислуваат. Скромност и посветеност во перфекционизмот е она на што тие работат во деновите на припреми. Особина на која што мајсторот Златко Неделковски со 45 годишно искуство е особено горд на своите ученици.

← Назад кон архивата