Друго

Бунтот против отпадот успешен

width=635

Ајде Македонија во соработка со Бритнаската Амбасада во Скопје и Медиа Принт Македонија имаа повеќе активности од сферата на екологијата во оваа 2015-та година со што нивниот проект Македонија без отпад успешно дојде до ниво на електронско мапирање на голем број на диви депонии но и финишираше со огромна акција на чистење на дел од овие локации. 

На 3ти октомвири беше организиран настнот Бунт против отпадот каде во 67 општини од државава беа вклучени повеќе од 19,500 учесници и беа исчитени околу 200 локации кои на различни начини беа претворени во депонии. 

„Ајде Македонија” се комплетно задоволни што оваа акција наиде на поддршка од многу граѓани, невладини организации, локалните власти и разни компании кои се вклучија во масовната акција за чистење на отпадот од нашата држава и велат дека оваа акција е значајна од три аспекти: прво поради самото чистење на голем дел од Македонија, второ затоа што ова е иницијална акција со која се вклучуваме во светската акција за чистење на светот и поради тоа што темата за екологијата и отпадот во Македонија ја издигнавме на највисоко ниво. 

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

← Назад кон архивата