Друго

Сино небо над Париз без сообраќај

width=635

На иницијатива на Ан Идалго, дамата градоначалник на Париз, вчера центарот на градот беше ослободен од сите моторни возила, а во околните населби брзината на движење беше ограничена. 

Главната артерија на Париз со осум ленти, од каде во типични денови доаѓа и најголемото автомобилско загадување, беше полна со велосипедисти, скејтери, пешаци и пајтони и како што изјавуваат самите граѓани, полна со насмеани лица и една утописка атмосфера.

width=635

Во март годинава, Париз накратко се најде на листата на најзагадени градови, а во очи на претстојната масовна конференција за климатски промени, која се одржува токму во Градот на светлината, властите беа под притисок да превземат иницијатива.

Идалго планира до 2020 да ги ерадицира сите дизел возила, веријатно поттикната од скандалот со Фолксваген, а воедно и да ги прошири пешачките зони околу Сена.

width=635

← Назад кон архивата