Козјо сирење во маслиново масло


- 300 грама козјо сирење
- китка босилек
- 300 мл маслиново масло
- 2 чили пиперчиња
- 10 зрна бибер
- 2 чешниња лук
1. Сирењето се сече на коцки и се реди во теглички.
2. Се ситнат пиперчињата и босилекот, а лукчето се преполовува и се додаваат во теглата наизменично.
3. На крај се налева маслиновото масло.
