Течна гоџи енергија


- 5 големи лажици сушени гоџи бобинки или свежи
- 1 лимон
- 2 лажици мед
- 2-3 см ѓумбир
- гранче нане
1. Доколку користите сушени гоџи бобинки потопете ги со чаша млака вода, 10 минути пред да си подготвите од течната енергија.
2. Лимонот се цеди, а ѓумбирот се лупи и ситно се сецка или може да го изрендате.
3. Сите состојки, заедно со течноста од гоџи бобинките, се ставаат во блендер и кратко се блендира или додека убаво не се соедини.
Предлог рецепт за уште повеќе гоџи: БИО БОМБИЦИ СО АМАРАНТ И ГОЏИ
