Јурек ќе си плати казна за шампањот


Ова лето во времетраење од 46 дена, 8 часа и 7 минути успеа за само 3 часа да го подобри рекордот на оваа трансверзала претходно држен од жената по име Џенифер Фар Дејвис. Апалачиан трејл е една од најдолгите и најтешките планинсарски трансверзали во светот која се протега 3500 километри низ планинските венци на североисток од САД.
На крајот од своето патешествие тој пристигна на последниот врв на планината Катадин кадешто беше придружен од огромна група на луѓе, поддржувачи и новинари, а како прослава тој отвори шише шампањ.

Но правила си се правила па тој мораше да оди на суд поради прекршување на законот за забрана на консумирање алкохол на јавни места, загадување на околината како и движење во група поголема од 12 луѓе.
Тој и неговиот адвокат се спогодија со околните надлежни органи да платат глоба од 500 долари што според неговиот адвокат е доста висока за ваков тип на прекршок.
Читајте повеќе за екстремниот подвиг на Скот Јурек ова лето ТУКА