Нашите најдобри борачи на светското првенство во Лас Вегас 2015


Нашите најдобри борачи после силниот подготвителен период, предводени од селекторот Љуљзим Вренези ќе се обидат да постигнат резултат со кој ќе обезбедат учество на ОИ РИО 2016, а со поволен развој на околностите можно е и освојување на медал.
Македонскиот олимписки комитет одамна ги подмири сите финансиски трошоци поврзани со учеството на македонската боречка репрезентација на ова Светско првенство, финансии кои се однесуваа на добивање на лиценци, опрема, авионски карти, сместување и исхрана на најдобрите македонски борачи.
Веруваме дека македонските борачи во слободен и грчко-римски стил конечно ќе ги прикажат своите најдобри борби и ќе постигнат одлични резултати кои одамна ги очекуваме.