Вести

Североисточна трансверзалска авантура

width=635

Во целост ви го пренесуваме нивното патешествие


 

Инспирацијата за оваа трансверзала ја добивме за време на Западната Македонска
трансверзала, односно Филип кој е по потекло од Кривопаланечкиот дел, со својот
ентузијазам и амбиции да го помине и види пределот каде што се родени и дел од животот го поминале неговите предци, односно фамилијата, ја оформи идејата за реализација на оваа трансверзала. Интерсното е што оваа трансверзала ја започнавме на „отприлика” познат терен, односно со старото планинарско правило „Карту читај, сељака питај” и секако GPS во џебот.

title=Вештачко

Ден 1

Во раните утрински часови со автобус се упативме кон с.Ранковци, од каде и започна оваа трансверзала. Оттаму се упативме до рибникот Гого Монд, каде има направено прекрасен парк за рекреација и риболов, рибникот се полни со вода од вештачкото езеро Отошница кое беше нашата следна точка.

title=Камп

По искористување на еден од оброците кои се наоѓаа во нашите ранци за наредните неколку денови, со помош на топографска карта, компас и прашување на селаните се упатвме кон нашата следна краткорочна цел, да ја најдеме куќата каде е роден едниот дедо. Денот го завршивме со поставување камп на врвот на планината Герман, поминувајќи низ селата: Гулинци, Станча и Пклиште каде бевме убаво пречекани од селаните со кафе и благо.

title=Планирање

Ден 2

Утрото го започнавме со изгрејсонце, картографија и Нескафе 3во1. Целта на денот беше поминување низ сртот на североисточниот венец на планини, односно Герман, Криви Камен, Билино, Ретки буки и ноќта да ја дочекаме на врвот Чупино брдо(1703м), кој се наоѓа Македонско – Српската граница. По движењето на жешкото сонце, облечени како колегите од Африка и изладувајќи се со бистрите изворски води зајдисонцето го дочекавме на врвот Чупино брдо(1703м). По зајдисонцето не следуваше ноќно поставување на шатор кај споменикот под врвот.

title=Чупино

Ден 3

Чупино брдо веќе го оставивме позади себе, се упативме во с.Луке каде е родена баба ми, во селото бевме топло пречекани од селаните со кафе, ракија и убави моабети, давајќи ни информации за понатамошното наше патешествие.

Стигнавме во с.Голема Црцорија, таму живеел другиот дедо и прабаба ми.По подолгата пауза и ручекот со комшиите се упативме кон тромеѓето – Голеш (Македонско – Бугарко – Србската граница). Од Голеш во вечерните часови се спуштивме во с.Добровница на вечера кај баба Миланка и дедо Ѓоре и потоа во манастирот Св.Јоаким Осоговски на собирот за празникот Богородица.

title=Село

Ден 4

Шаторот ни беше поставен над манастирот, по што рано сабајлето отидовме повторно на другиот собор Св.Јоаким Осоговски. Се спуштивме во градот Крива Паланка за да ги завериме повратните карти за Скопје, по што со локален превоз се упатвме во с.Петралица, таму после четири дена се избањавме во Крива река, по што следуваа два дена одмор во викендица со дел од фамилијата.

Технички податоци: 

95км и 2500D+

title=Картографија

title=Извор

title=Езеро

title=Герман

title=Врв

title=Вечера

title=Билино

title=Македонско

title=Љубовта

title=Криви

title=Карту

title=Ноќно

title=Село

title=Село

← Назад кон архивата