Фантастичен планински фестивал на Попова Шапка

Велосипедот, планинарењето и трчањето на преубавите локации низ нашите планини, особено во ваков формат на фестивал, натпреварување, забава и уживање е само дел од она што може да носи огромен развој на целата држава во полето на алтернативниот туризам.
Попова Шапка и оваа година беше домаќин на крос-кантри велосипедската трка во рамки на државното првенство, а вториот ден на понудата беше посета на бисерот на Шар Планина, Лешница, преку велосипедски маратон.
Планинското трчање беше еден мал новитет за оваа година, а од наредна зошто да нема и летање со параглајдери, качување на карпи и проширување на и онака бесконечно долгата листа на спортови.
Ова е чисто како наше размислување, а за тоа како си поминавме, ви го оставаме видеото.
Од страна на одличната организација на Пробајк чекаме и дополнителни официјални резултати. До следната година…