Зошто групниот тренинг е подобар за најмладите тенисери


Првите чекори во тенисот се многу важни за детето, затоа што тоа може да влијае на натамошната желба и мотивација за тренинг. Како индивидуален спорт, тенисот е игра која на самиот почеток би требало да претставува форма на забава и игри преку кои тие ке се развиваат и да научат. Како идеален почеток и вовед во тенис за деца се нагласува кампот за тенис, или средина која е најудобна за најмладите, а тоа е меѓу пријатели. Тоа е една од причините поради кои децата ќе сакаат да доаѓаат редовно на тренинг.
Овој тип на работа вклучува развој на моториката и движење, забава конкуренција, дружење, учење “како да се победи“. Важен аспект на развој во помлада возраст е чувство на групата да работат како тим, помагање, соработка, трпеливоста за другите и споделување на радост, забелешки и задачи утврдени со тренерот.
Добро организиран и претходно испланиран групен тренинг претставува вистинско задоволство за децата.Тоа е начин за квалитетно и забавно да се искористи еден час. Тренингот на почетокот кај помалите деца не треба да биде со комплицирани потези учење и техники, току со забавни игри, натпревари, разни полигони, со цел да имаат чувство на игра, а не тортура.
Совети за родителите чии деца првпат се среќаваат со тенисот:
- Сослушајте го своето дете дали тоа сака да тренира тенис.
- Исполнете ја неговата желба и зачленете го во најблиската тениска школа.
- Немојте да го форсирате на тренинг на повеке од 2 или 3 пати неделно (дозволете дали тоа ќе ја прифати новата средина или не).
- Бидете редовни на тренинзите
- Сватете дека вашето дете овде е пред се за забава, и учење на основите на тенисот немојте да имате преголеми очекувања.
- Бидете реални во можностите и способностите на своето дете.
- Разговарајте со тренерот за напредокот и на детето доколку за тоа има реална основа.