Вести

Мостарското скокачко шоу зазема светски размери

Овој викенд серијата на Ред Бул Клиф Дајвинг, натпреварување во скокови од височина во вода, за прв пат се одржа над водите на Неретва, од познатиот Стари Мост во Мостар. Историјата на скоковите од овој мост датира уште од пред 470 години за време на отоманската империја со што тој претставува право место на Балканот за оваа манифестација.

Најдобрите светски атлети во скокови во вода учствуваа во првото издание на Ред Бул Клиф Дајвин кое се одржа во Мостар. Во текот на два дена тие направија вистинско натпреварувачко шоу за очите на гледачите, туристите и локалците кои имаат долга историја на скокање токму од овој мост. 

width=635

Скоковите од овој мост висок 24 метри (од платформата на натпреварувањето 28 метри) датираат уште од кога мостот е изграден (цирка 1664 година) за време на отоманската империја. Тоа традиционално се одржува на крајот од јули кога младите локалци го прифаќаат овој страшен предизвик како начин на докажување на машкоста и смелоста. 

Првите две места ги освоија Мексиканците Џонатан Паредес и Серџо Гузман а трет беше Дејвид Колтури. 

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

← Назад кон архивата