Вести

Промоција на повисоки појаси во БЏЏ на семинарот во Охрид

width=635

На овој семинар покрај нашите членови од “The Strongest & ROOTS BJJ” од Скопје, Охрид, Прилеп, Куманово, имаше и учесници од Шведска, Швајцарија и Германија.

Проф. Наумоски на двата семинари се фокусираше на борбата во стоечка позиција и доразработување на техниките кои беа досега прикажани на изминатите семинари и тренинзи во клубовите во Македонија.

width=635

На вториот ден од семинарот, во првиот дел Проф. Наумоски прикажа интересни техники од стоечка позиција и како да нападнеме од гард, а во вториот дел гостинот од Швајцарија Игор Димовски прикажа неколку техники од 50/50 со завршници (зафати на нога).

width=635

На официјалниот дел од семинарот во саботата навечер Проф. Наумоски додели повисоки појаси во БЏЏ на неколку членови од “ROOTS BJJ Macedonia”. На Председателот на Македонската Федерација за БЏЏ и Основач на “The Strongest & ROOTS BJJ Macedonia”, Алексовски Ивица му додели кафен појас и моментално е највисок појас во БЏЏ кој живее на територијата на нашата држава.

width=635

Виолетов појас доби Мики Смиљковиќ, член на “ROOTS BJJ” од Скопје, а сини појаси добија и :

– Сандра Јанкова – “ROOTS BJJ” од Скопје;

– Влатко Пиров – “ROOTS BJJ” од Скопје;

– Стефан Блажевски – “ROOTS BJJ” од Скопје;

– Ненад Ристевски – “ROOTS BJJ” од Охрид;

– Владимир Трајчевски – “ROOTS BJJ” од Охрид;

– Катерина Атанасоска – “ROOTS BJJ” од Прилеп.

width=635

Исто така носителите на виолетови појаси се здобија со ленти на појасите и тоа:

– Мухамед Џевахир – втора лента виолетов појас;

– Александар Заткоски – прва лента виолетов појас;

По доделувањето на појасите, Алексовски заедно со повеќето членови ги “верификуваа” своите појаси во студено ноќно капење во Охридското Езеро!!!

Севкупното дружење помина во најдобар ред, се научија нови техники, се додадоа одредени детали на постоечките техники, сега имаме повеќе повисоки појаси во БЏЏ.

width=635

width=635

width=635

ИЗВОР

← Назад кон архивата