Вести

Одржана фантастична трка на Шара, Марјан Бонев од TREX на првата позиција

width=635

Трката беше прва од ваков карактер во регионот, која стартуваше во една држава, Косово, а финишираше во Старо Село, Македонија со патека која водеше преку високите врвови Пирибег и Љуботен на моќната Шара. 

Истата беше организирана од Скајранинг Србија и беше дел од првото издание на српската Скајранинг Лига, од македонското здружение на планински тркачи TREX и Бели Вук од Штрпце.

width=635

Во конкуренција од околу 70 натпреварувачи кои стартуваа на 33 километарската трка прво место во машка конкуренција го зема нашиот одличен Марјан Бонев со време од 4:30, а набргу по него финишираа Ненад Живковиќ и Душко Момиќ од Србија. 

Во женска конкуренција прва беше Марина Николиќ од Србија, второ место зема Ведрана Јериќ Милош од Хрватска и трета беше Ана Милосављевиќ.

Покрај Марјан Бонев на првото место важно е и да се напомене и одличиот настап на сите други македонски тркачи кои во поголем број успеаја да ја завршат трката, а дури шест од нив влегоа и во првите 10 во машка конкуренција. 

width=635

Таа имаше старт во Штрпце, за преку големо качување од 1700 метри надморска височина и низ скијачкиот центар Брезовица да се искачи на 2520 метри високиот Пирибег. Од таму трката ги водеше натпреварувачите по сртот према Ливадички врв и тешкиот Љуботен и следеше стрмно спуштање до планинарскиот дом Љуботен и Старо Село. 

Настанот поради самите предиспозиции на права „небесна” трка и поради жешкото време беше за секого огомен предизвик да се заврши, а во временскиот лимит од 7 часа успеаја да ја завршат само 32 натпреварувачи.

Резултати ТУКА

width=635

width=635

width=620

title=Првите

title=Првите

 

← Назад кон архивата