Вести

Нуркањето е проклето добар спорт

Се работи за потонат брод од шпанската кралска флота некаде пред 300 години во заливот на Флорида. Според историските податоци се верува дека бродот носел злато во приближен износ од денешни 400 милиони долари кои се уште лежат некаде на дното од заливот. 

Според MarketWatchместото на бродоломот е откриено од некоја локална фамилија Шмит која повикала нуркачи – ловци на богатство, кои имаат специјална дозвола за извлекување на богатствата на дното на морето кои потекнуваат од одредена флота, конкретно за шпанската флота 1715. 

width=635

Досега од ова наоѓалиште биле извлечени приближно 50 милиони долари богатство во форма на златници и синџири, но ова е најголемиот единечен улов, а најинтересниот факт е тоа што наоѓалиштео е на приближно 4,5 метри длабочина. 

← Назад кон архивата