Вести

Бонев повторно на комшиски подиум, овојпат на Проклетие

width=635

Планинскиот масив Проклетие со неговите стрмни и технички доста тешки патеки овој викенд беше домаќин на вертикалниот километар во склоп на српската Скајранинг лига. Ова е прва сезона како се одржуваа оваа лига во планинско трчање кај нашиот северен сосед, а оваа трка беше шестта од вкупно осум за оваа сезона. 

На скоро сите овие трки македонските планински тркачи од TREX учествуваа во прекрасните натпреварувачки моменти, а неколкупати Јовица Јованчев и Марјан Бонев ги освојуваа подиумите. 

width=635

Вертикалниот километар на Проклетие беше долг 3,2 километри со стрмно искачување на 1000 метри висина по технички исклучително тежок терен полн со остри камења и сипари. 

Нашиот специјалист за вакви трки, Марјан Бонев, успеа да заврши со одлично време од 39:03 на второто место веднаш зад Црногорецот Јанко Гардович кој заврши минута пред него. 

Следна трка која што со нетрпение ја очекуваме е прекуграничниот скајрејс на Шар Планина кој ќе тргнува од Штрпце во Косово, а завршува во Старо Село Македонија. Трката ќе се одржи овој викенд на кој следи вистинско планинско уживање долго 33 километри исполнето со врвовите Пирибег и Љуботен. 

width=635

← Назад кон архивата