Друго

Елегии за чист воздух, спортски човеку

width=620

Пишува Давид Чернушенко – ветеран во одржливиот развој на спортот – во книгата „Одржливост и спорт” од Џил Савери и Кеит Гилберт, 2011


„Здравјето на спортистите, од младите рекреативци па се до елитните професионалци, треба да биде прв приоритет на спортската индустрија, менаџерските тела, одржувачите на настани, производителите и продавачите на опрема, тренерите и родителите. Но најчесто не е така, и покрај најчесто добро платената услуга.

Ниеден спортски настан не треба да биде доделен на одржувач кој нема да гарантира чист воздух (внатре и надвор), чиста вода и чиста храна за тренирање и натперварување. Поедноставно од ова не може да биде.

Секое одлучувачко тело, клуб, тренер или родител кој го дозволува спротивното е виновен за соучество во загрозување на здравјето на спортистите и треба да одговоара за одлуките кои ги донесува за спортистите.

Ова има огромни и сериозни импликации и токму затоа мора да се потенцира. Ако градот не може да гарантира чист воздух за своите спортисти, тогаш не може да гарантира здрави услови за живеење на своите граѓани.

width=635

Дали ова значи дека град со загаден воздух не треба да одржува спортски настани од било каков вид? Да.

Ако спортот е толку важен, тогаш исчистете го воздухот. Направете го приоритет. Направете го топ приоритет. Направете го како принцип на живеење и причина за гордеење.

Замислете ги позитивните наслови: ” Градот гарантира дека до 201?’та ни еден граѓанин нема да биде подложен на загаден воздух и сите спортски активности ќе се одржуваат во чист воздух!”.

Оваа задача е голема, но што треба да е поважно од спречување на 500.000 смртни случаи годишно низ светот од загаден воздух?

Mоже ли било кој град да гарантира чист воздух? Не сам по себе. Потребна е соработка со соседните градови, индустријата, сите сектори на владата па дури и соседните држави.

Прашањето е: Кој вистински и сериозно ќе почне прв?”

← Назад кон архивата