Ги испративме нашите претставници на #МТДФЕ 2015


Од Скопје тие се упатуваат најпрво кон Милано, па наредниот ден во Торино каде ќе ги „запалат” нивните велосипеди и ќе ја започнат овогодинашната 14-дневна авантура наречена – Македонска Тур де Франс Експедиција.

Планот е да се поминат над 1000 километри низ повеќе познати планински превои и да се присуствува на 4 исклучително интересни Тур де Франс етапи, каде дуото ќе биде присутно на финишите и можеби сите ние ќе имаме можност да ги видиме пред малите екрани. Доколку сè оди по план, закажано е нивно присуство на 16, 18, 19 и 20-та етапа односно од 20 до 25 јули.

Во текот на овој период тие ќе испраќаат редовни пораки и информации за течението на експедицијата кои ќе ги објавуваме на нашиот портал. Хаштагот е МТДФЕ.
Еве што точно ги очекува нашите авантуристи оваа година