Флора-фауна

Се одржа промотивен СПЕЛЕО Ден

 

width=635

Целта на акцијата беше да се запознаат граѓаните на Прилеп со спелеологијата и техниките на истражување на пештерите, преку практично претставување на спелеолошките техники, можност за пробување на дел од нив, како и запознавање со пештерите во Македонија и истражувањата на Спелеолошкиот клуб „Златоврв” – Прилеп.
Манифестацијата се состоеше од три делови:
– спелеолошки полигон поставен на дрва во паркот, каде беше претставена техниката на единечно јаже (single rope technique – SRT) преку качување и спуштање по јаже и поминување на жичара
– промотивен дел, каде посетителите имаа можност да пробаат качување по јаже користејќи спелеолошки техники
– изложбен дел, каде беше изложена опрема што се користи при истражување на пештерите, јазли кои се користат во спелеологијата и паноа со информации за пештерите во Македонија

width=635

За време на спелеолошкиот ден, во периодот од 10 до 20 часот со спелеологијата имаа можност да се запознаат огромен број на посетители, од кои над 100 за прв пат пробаа качување по јаже користејќи спелеолошки техники. Возраста и полот воопшто не беа пречка за оние кои се осмелија да пробаат качување по јаже, па меѓу нив можеа да се забележат и деца од по 6-7 години, па се до возрасни со 60тина години.

width=635

Севкупно оваа манифестација, која се одржа за првпат, беше исклучително успешна и претставуваше своевиден празник на спелеологијата во Прилеп. Се надеваме дека ќе продолжи како традиција и понатаму, а спелеологијата и пештерите ќе бидат се поблискудо јавноста.

title=Спелеолошки

title=Примери

title=Карта

title=Модел

← Назад кон архивата