Пиколино

Дишење од дијафрагма – Намалување на стрес кај децата

width=635

Длабокото “дијафрагмално” дишење помага да се забави одговор на стресот на телото. Тоа ги намалува отчукувањата на срцето и крвниот притисок и може да се направи со едноставно преземање, држење, а потоа ослободување на длабок здив.

За да се илустрира овој концепт за вашето дете, може да замисли како зема длабок здив за да ја мирисне својата омилена храна, да речеме пица. По вдишувањето на замислениот (имагинарен) мирис на пица, тој или таа може да замисли дека таа е премногу жешка за да се јаде, и треба дa дува на неа, т.е. да издише, за да ја олади.

Постарите деца повеќе би преферирале да визуелизираат или да гледаат слика на форма, како што е шестоаголник. Следејки ги трагите на една страна од формата , т.е шестоаголникот децата ќе вдишат. Потоа следејќи ги трагите на следниот раб на формата ќе биде придружувани од долго издишување. Ова се повторува додека целиот облик не се трасира и додека не се постигне релаксација.

Детска Академија “Брeинобрeин Европа”

← Назад кон архивата