Исхрана

Органска храна на пазарчето Буњаковец

width=635

Целта на Наша Добра Земја беше жителите на Центар да имаат пристап до свежи органски производи за кои самите ќе се уверат во нивниот квалитет, сертификат и состојба пред да ги набават!
Наша Добра Земја нуди и можности за членство, а членовите добиваат пониски цени и дополнителни попусти и придобивки. За повеќе информации околку зачленување, доставете е-маил на novclen@dobrazemja.org
Првата задруга на потрошувачи на органска храна Наша Добра Земја поддржува одржливо органско производство, не користи пластични ќеси и се обидува да рециклира и реупотребува се од амбалажен отпад. Понесете своја торба кога купувате кај нас, како на времето кога се беше органско! 

← Назад кон архивата