Шест од шест финишери на Лаваредо и Кортина


Тројца од нашите натпреварувачи, Јовица Јованчев, Пенева Тања и Дејан Крле учествуваа на Лаваредо Ултра, трка долга 120 километри со 5850 метри D+. Јованчев го истча Лаваредо со одлично време од 17:05:19 и заврши на 65-тото место во севкупна конкуренција т.е. 55 место во машка во трка на која учествуваа приближно 1313 натпреварувачи од целиот свет.

Тања Пенева и Дејан Крле ја завршија трката во втората ноќ, но со поминато силно невреме на повисоките превои. Трката успешно ја завршија само 746 од овие 1300 натпреварувачи што е одличен резултат за нашите тркачи.
На Кортина Треил пак, трката со 47 километри и 2650 метри D+ настапија Мартина Милева, Тања Манчева и Игор Јовановски. Овој прекрасен но доста технички тежок круг на Доломитите тие го завршија исто како и поголемиот дел од натпреварувачите кои стартуваа на оваа трка кои беа 1000 на број.

