Пушти на Тур де Галичица

Сè што ви треба е желба за убав помин во природа, без разлика каде и да сте. Ова е само еден наш предлог за уживање во прекрасната Галичица. За малку ќе беше целосен, ако времето не нè спречеше да го извозиме тоа по што бевме дојдени – Тур де Галичица.
Тур де Галичица – велосипедска тура кој ја организира Преспа Бајк овие неколку години на убавата преспанска страна на Галичица. Минатата година ни се погоди прекрасно време и можевме целосно да уживаме во предизвикот, но оваа троа не спречија истиве овие надворешни елементи, па моравме да се задоволиме со утешно возење.
Сепак, ние на Тур де Галичица гледаме многу пошироко и поопширно. Опциите за уживање во планината, Преспанското Езеро, регионот и убавините се бесконечни, па направивме комбинација и отидовме до врвот Магаро. Глетка на Охридско и Преспанско во шармантен дует. На враќање отидовме до мирното Стење, а тука е и мистичното Коњско како опција. Во кампот на самиот велосипедски настан течеше одлична енергија. Распослани шаторчиња, уживање, храна, дружба…
Можностите се бесконечни, ваше е да го смените каналот.
Голема благодарност до Игор Караџоски за убавите последни кадри