#82врва

Ули Штек познат како „Швајцарската Машина” т.е. човекот кој има направено една сериозна листа на светски алпинистички подвизи заедно со младиот Германец Михаел Волебен кој иако роден 1990-тата година зад него има огромно алпинистичко искуство се веќе тргнати на летниот проект #82Summitsкој треба да опфати качување на 82 алпски врвови во Франција, Италија и Швајцарија во рок од 80 денови.

Во превод тоа значи дека дуото има план да ги качи сите врвови повисоки од 4000 м.н.в. на Алпите, а она што е најинтересно е дека дистанците помеѓу врвовите, значи конектирањето од еден финиш до друг старт тие ќе се обидат да го исполнат единствено со човечки напори т.е. на велосипед.
Турата започна на 9 јуни а моментално Ули и Михаел се некаде во Швајцарија.
Следете ја нивната аватнура на ФБ / Твитер / Инста


