Се одржа првото издание на Momata Rock Trail


Вчера, 14 јуни, за прв пат, на Селечка Планина се одржа Momata Rock Trail во организација на ЗАПС „Единак”, ТРЕКС и ПСД „Макпетрол”. Патеката беше со должина од 17 км, вкупна висинска разлика од 1050 м, одлично маркирана, а двете контролни точки на 4-тиот и 9-тиот километар овозможија дополнителна вода, овошје и храна за тркачите.
На ова прво издание учествуваа вкупно 44 учесници, 32 во машка и 12 во женска категорија, а и покрај високите температури сите учесници ја завршија трката во планинско трчање.

Повеќе фотографии може да погледнете во Momata Rock Trail – ФОТОГАЛЕРИЈА
Првото место го освои Жикица Ивановски, кој патеката ја помина за 1:51:20, веднаш по него второ место за Александар Кирковски, а трето место го освои Александар Симјановски. Во женска конкуренција на прво место е Милена Чкрипеска, со време од 02:36:10, на второ место Мартина Милева и на трето Мери Чкрипеска.
Целосната листа со резултати на следниот линк.