Флора-фауна

Неа Пори подготвителен камп на Ракометното школо Андријана Будимир

width=635

Школото е сместено во Хотел кој располага со две ракометни игралишта на песок и едно на бетонска површина. Во хотелскиот комплекс се наоѓаат и екипите на Партизан Белград и Железничар од Ниш.

На кампот се присутни генерациите 2000г – 2003г во машка и женска постава. За време на кампот децата ќе имаат два тренинга дневно и мини турнир кој ќе се одржи кон крајот на престојот во Неа Пори.

Тренинзите се изведуваат по соодветна програма специјализирана за возрасната категорија. Покрај тренинзите во склоп на кампот како тим билдинг ќе бидат организирани забавни игри, водени лудории и посета на планината Олимп.

width=635

width=635

width=635

width=635 

← Назад кон архивата